Прва конститутивна седница одржа управниот одбор на регионалното јавно петријатие „Русино-Полог“ денес во Тетово. На дневен ред беше усвојување на статутот и назначување на в.д директор.
Според претставниците на Центарот за развој на полошкиот плански регион, кои го координараат проектот Управување со цврст отпад во Полошкиот плански регион Фаза 1, ова е начин на деблокирање на процесот на депонирање на сметот во депонијата Русино.
-Центарот во наредните две недели ќе започне со изградба на системот за отстранување на отпадните води од самата депонија, со изградба на рампа преку која претријатието ќе го дозволи односно оневозможи пристапот на претријатијата што не ги исполнуваат обврските кон регионалното претријатие и едно пристапно патче што води од патот Долна Бањица-Русино до депонијата, изјави Фатмир Саити, директор на Центарот за развој на полошкиот плански регион.
В.д директорот кој е назначен во 2018 со одлука на советот на градоначалници на полошки плански регион Бесим Догани останува на функцијата како ополномоштен да ги води работите за регистрација за отворање сметка и другите технички-оперативни и административни на претпријатието. За шест месеци ќе има јавен оглас согласно закон за јавни претријатија за избор на директор.
-Паралелно на ова работиме и за изнаоѓање на нова локација за таа намена тоа е процес.Не може да се затвори или отвори депонија преку ноќ. Треба да се направат студии на тлото, на почвата на подземните води, подетално. Постојат индикативни локации кои може да се искористат. Меѓутоа за самите тие локации треба да се детално да се испита почвата за да може да се каже дека може да се користи. Тоа е надлежност на министерството за животна средина, изјави Фатмир Саити.
За некоклу недели ќе имаме уште една седница да усвојување на систематизацијата во јавното претријатие. Името „Русино-Полог“ наскоро ќе се смени.
-Станува збор за претријатие на целиот регион кое не е врзано само со депонијата Русино која евентуално ќе биде преместена на некоја нова локација во следните пет години во текот на нејзиното експлоатирање, потенцира Саити.
До конститутивната седница доаѓа откако сите девет полошки општини донесоа одлукитево рамките на Советите за основање на вакво претријатие и назначување на членови во упрвниот одбор.
А.С