По најновиот состанок на кризниот штаб на Општина Тетово денес справувањето со пандемијата се оценува како стабилно. Градоначалничката Теута Арифи вели дека се намалил бројот на заболени од наставниот кадар.
-Ситуацијата е стабилна, иако во текот на изминатите 7 дена во Тетово и околните општини имаме двојно повеќе нови случаи на болни од Ковид-19 во споредба со бројот на излекувани лица. Во градинките, основните и средните училишта имаме намалување на бројот на случаи на болни од Ковид-19 така во градинките „Младост“ во Тетово имаме 1 позитивен воспитувач и 1 група деца во изолација. Има 11 позитивни наставници во основните училишта и 3 одделенски групи во изолација. Во средните училишта имаме 12 позитивни наставници, изјави градоначалничката Теута Арифи.
Има вкупно 40 пациенти на кислородна поддршка во Клиничката болница во Тетово.
-Амбулантските прегледи во Ковид центарот и инфективно одделение се преполовени. Хоспитализираните пациенти, што се подолго време тука, се подобро. Се надеваме на подобра ситуација, изјави д-р Гзим Нуредени, координатор на Ковид центарот.
Според статистиката на Кризниот штаб вкупниот број на лица од почетокот на пандемијата до денес е 4104.
-Од оваа бројка досега се опоравиле 2759 лица, а 157 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и 5 околни општини е 1188. Во текот на минатата недела, полицијата за неносење заштитни маски, издала налози за 375 лица. Државниот санитарен и здравствен инспекторат здаде 718 нови решенија за задолжителна изолација, додека беа кинтролирани 1156 лица со такви решенија, рече Арифи.
Според евиденцијата на Министерството за здравство неделата што измина во споредба со претходната (23.11-29.11) во тетовскиот регион се бележат повеќе нови случаи со коронавирус, но помалку смртни исходи. Изминатите седум дена имало 293 новозаболени со Ковид-19, за разлика од претходната недела кога имаше 285. Од понеделник до недела се евидентирани 6 смртни случаи за разлика од мината недела кога имаше 11.