Истата ограда која вчера падна од мостот на „Индустриска улица“ во Тетово денес попладне повторно се поставува. Се уште нема точни информации што точно се случило и како дошло да падне оградата.
-Оградата во најкус можен временски период ќе биде вратена во првобитната состојба. Со санацијата се започнува уште денес со оглед на фрекфентноста на оваа улица, истакнаа од Општина Тетово.
Вчера граѓани од блискиот станбен комплекс на згради Блок 70 ја аламира пожарната и полиција дека е падната оградата, по што пожарникарите го оградија местото.
А.С