СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28 годишник од Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“. На 26.02.2021 на регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, пријавениот се претставувал како полициски инспектор, а по пријава на граѓани тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, информира Министерството за внатрешни работи.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 35 годишно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на платежна картичка и издавање на чек без покритие“. На 06.02.2021 во Тетово, пријавениот пронашол паричник на лице од Тетово, кое претходно го изгубило, во кој имало пари и платежни картички со пин кодови. После тоа, од банкомати на две банки подигнал пари и пазарувал од еден маркет, по што ги искршил и фрлил картичките. По преземени мерки било откриено дека пријавениот е сторител на делото и во разговор со полициски службеници го признал делото, информира денес МВР.