Во Тетово е започната хуманитана акција за собирање на пари за лекување на 23 годишниот Амир Зулбехари. Тој во јануари додека работел тешко е повреден на двете нозе откако му паднала машина тешка неколку тони.
За да му се спаси едната нога треба да се оперира во Турција каде операцијата чини 200 илјади евра. Воедно на другата нога треба да му се стави протеза.
На неколку пунктови во Тетово се собираат парични средства. Донации може да се дадат и преку жиро сметките на таткото Џемали Зулбехари во Халк банка 270-7000536865.39 и 270-7000536864.42. Телефонски број за контакт 070-748-728.
А.С