За помалку од еден недела се собраа средствата потребни за лекување на Михаил Ристовски од Тетово, чии родители побараа помош од јавноста. При раѓањето на Михаил пред една година и девет месеци му е повредена раката и не му е функционална, а средства се потребни за лекување со методата на акупунктура во Белград. Сега веќе нема потреба од донации.
-Благодарност до добрите луѓе преку кои успеавме да ги собереме паричните средства кои ни беа потребни за лекување на Михаил. Веќе не е потребно да се собираат средства. Воедно сме благодарни и на белградската поликлиника „Виталис“ кои на нивна иницијатива ни донираше 10 дневна акупунктурна терапија која ќе биде бесплатна. Освен за третмани со акупунктура во болницата, парите ќе се искористат и за други потребни начини за лекување во базен, физикална терапија во друга клиника или болница. Исто така парите ќе бидат искористени и за трошоци за пат, престој и се пропратно, изјави мајката на Михаил, Благородна.
Лекувањето во болницата „Виталис“ во Белград, Србија треба да почне наредниот месец.
-Бидејќи е пандемијата, ни јавија од болницата дека таму е доста ризично и во средината на јануари да стигнеме да продолжиме со лекување. Една сесија акупунтура трае десет дена но на нас ни се потребни повеќе сесии. Во зависност од тоа колку и како ќе попушти нервот на раката на Михаил. Помеѓу две сесии треба да има еден месец пауза. На нас ни се потребни повеќе сесии бидејќи не се знае кога ќе попушти нервот, изјави Благородна.
Мирослав и Благородна освен Михаил имаат уште две деца.
А.С