Тони Милошески, претседател на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги денес ги посети колегите во подрачното одделение Тетово за да увиди како се одвива штрајкот на вработените во оваа институција. Денеска е петтиот ден од штрајкот на вработените во Управата, кои потенцираат дека ќе продолжи се до исполнување на нивните барања за колективен договор со линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.
-Порастот на минимална плата во 2022 година доведе до изедначување на платите на вработените со различни звања. Ние како независен синдикат на Управата за водење матични книги сметаме дека треба да има лиеарно покачување на платите на сите вработени во УВМК кои долги години наназад воопшто не се покачени. До 2010 бевме под МВР, а од тогаш никој не има дадено ни покачување, ни на звања покачување, имаме колеги и по 30 години работат уште се помлади референти Има колеги што земаат 14.700 денари не земаат уште цела 15.200 што е минимална плата нормално сега 18 илјади што треба да биде, изјави Тони Милошевски.
На петтиот ден од штрајкот синдикатот предупредува дека се врши притисок кон вработените да го прекинат.
–Притисоци имаше огромни и уште ги има тие притисоци. Има значи од некои политички партии, има од самото раководство од Управата до некои вработени. Највише притисоци тие вработени што се на договор тие имаат најголеми притосоци. Затоа што може да им престане договорот да им го престанат за да не можат да работат и многу е лошо што ги тераат да работат а не смеат да работат. Не смеат поради Законот за заштита на лични податоци бидејќи не се вработени, рече Милошевски.
Тој потсети дека синдикатот побарал постапка за помирување со Управата.
-До Управата доставивме постапка за помирување. 15 дена поминаа од тој рок. На 19-ти само еднаш не викнаа да преговараме. Ни кажаа од Министерството за финансии дека нема ништо да ни дадат од таа работа и ние по таа одлука на 27 април стапивме во штрајк, изјави Милошевски.
Иако се во штрајк вработените издаваат дел од документите кои се за потреби на граѓаните поврзани со старнство како за лекување, смртни случаи, раѓање и слично. Се склучуваат и бракови кои се закажани до 26 април.
ас