Самостојна изложба вечерва во Уметничката Галерија во Тетово одржува скулпторот Небие Бериша Алими. Изложбата насловена „Мода на иднината“ ќе биде отворена со почеток во 19 часот.
-Ова се скулптури sui generis“ со кои уметникот Небие Бериша Алими ја покажува инвентивната способност на нејзиниот талент за скулптури и експресивна моќ бидејќи работи со целосно атипични материјали за скуплтурите. Преку смели трансформации на тврди материјали, како што се метали, стакло, касети, разни застарени предмети од секојдневниот живот создава низа комплетно нови сензуални дела , велат од Уметничката Галерија.
Авторката е родена 1977 година.На Универзитетот во Тетово станува дипломиран скулптор по ликовна уметност, а постдипломските студии ги има завршено на Универзитетот во Приштина. Предава во гимназијата 7-ми март во Тетово.