Кандидатката за градоначалник на Тетово, Снежана Стојановска-Жана изминатава недела и викедот имаше голем број средби со граѓаните на која беше претставена нејзината програма за работа. Под мотото „Храброст за промени“ Стојановска на граѓаните им порача да не се плашат за иднината затоа што има решенија за нивните проблеми.
-Граѓаните не треба да се плашат за свјата иднина. Со познавање на приликите од областа на образованието се наоѓаме на голем крстопа, за кои имам решение. Сите ученици преку соодветни активности поврзани со бизнисот што порано да ги откријат своите способности за сопствен бизнис. За туризмот да оди 50% од буџетот на општината, преку развој на селскиот и планинскиот туризам. Рециклажа на сметот, како проекти што стојат, но не се реализирани. Ќе се борам за правична застапеност на Македонците во сите институции. – изјави Снежана Стојановска-Жана.
Кандидатката при посетата на соборната црква во Тетово Свети Свети Кирил и Методиј порача дека ќе се залага православните храмови секојдневното да го означуваат пладнето во денот.
-Исто како што тоа се прави начинот кај муслиманите кои во своите објекти го соопштуваат нивното присуство во 5 часот и 13 часот, за што немам забелешка, така означувањето на 12 часот да го дадат камбаните на седумте цркви во Тетово, вели Стојановска.
Снежана Стојановска-Жана е независен кандидат за градоначалник која е поддржана од политичката парија Интегра.
ас