Кандидатката за градоначалник на Тетово Снежана Стојановска-Жана и во последната недела од кампањата остварува средби со граѓани. Таа од тие средби ја пренесува атмосферата и вели дека без разлика на политичката ориентација цени дека ќе има голема поддршка од народот, затоа што тоа било пример за нејзиното здружение на жени кое опстојува три децении исто така поради тоа што е прифатено од населението.
-Цврсто стојам на моето становиште дека Тетово има сили без разлика на партија и кое политичко убедување се, дека ќе излезат на гласање и ќе го дадат својот глас посебно за мојата визија. Не го кажувам како збор, како што многу се повторува во сите кампањи, па имам визија па имам план па имам решение – ова го кажувам затоа позади мене има 30 годишното постоење на една обична иницијатива за женско движење која почна токму од Тетово далечната 1992-ра година и се одржа толку години без никаква поддршка на општествените институции, па како што е во Тетово, како што е и во другите градови, функционираме во 25 града во Македонија, вели Снежана Стојановска-Жана.
Таа вели не случајно е независен кандидат, со поддршка на ИНТЕГРА.
-Ме поддржуваат затоа што имам своја замисла како треба да изгледа градот, имам идеа како тоа ќе се реализира заради тоа што огромниот број на тетовчани, посебно Македонци, застанаа позади мене. Секако Тетово е местото каде што живеам и работам и затоа мојата визија како за 30-те години без поддршка, но имав поддршка од народот, од обичите граѓани, од сите оние кои веруваат во мене, а се надевам дека и тетовчани веруваат, она што ќе го поставам како цел, никогаш нема одредени отстапувања. И по сила на нешто, како замислена идеа, може да ја реализирам, затоа што пред да објавам нешто неколку пати се преслушувам, и ако мојата замисла, нема почеток и крај, како треба да почне како треба да се развива, и како треба да биде крајот, воопшто не ја ни почнувам, истакнува Снежана Стојановска-Жана.