Советот на општина Тетово донесе официјална одлука и номираше член за меѓуопштинската соработка во полошкиот регион што треба да резултира со заедничко јавно претријатие за регионално управување со отпадот. Раководителот на секторот за правни работи при општина Тетово Сумеја Ајани ќе биде претставник и член на тетовската локална самоуправа во заедничкото претријатие кое ќе управува со отпадот во деветте општини од полошкиот плански регион.
-Неколку општини веќе на седниците на Советите ја имаат донесено одлуката која е потребна за актот за формирање на такво претријатие. Очекуваме во најскоро време сите Совети да ги донесат тие одлуки за да може да се почне со официјализирање на заедничкото јавно комунално претријатие кое ќе управува со отпадот во полошкит регион, изјави Беким Мемети, претседател на Советот на општина Тетово.
На седницата советниците го прифатија и кварталниот извештај за извршување на буџетот за деветте месеци од годината. Усвоен беше и финанискиот план и годишниот план за вработувања во јавното претријатие „Градски Паркинг“ за 2020 година. Исто така беше донесено одлуки за давање согласности како основачи за вработувања во сите основни училишта на подрачјето на општина Тетово.