Тетовската полиција ја информира јавноста дека ќе спроведува соодветен сообраќаен режим на регионалниот пат Карпалак-Желино поради изведување на реконструкција на делницата. Полициски службеници со употреба и на сигнализација ќе вршат прилагодување на сообраќајот.
-Секторот за внатрешни работи Тетово ги информира граѓаните дека градежните работи ќе се одвиваат секој ден од 8 до 16 часот. За таа цел, зависно од содржината и динамиката на работите што ќе се изведуваат на овој потег, ќе се прилагодува и сообраќајниот режим, за што непосредно ќе бидат ангажирани полициски службеници и ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација. СВР Тетово апелира до возачите на макеисмална внимателност и на целoсно почитување на наредбите на полициските службеници и на сообраќајните знаци, стои во соопштението до јавноста.
Делницата Карапалак-Желино е дел од регионалниот пат Р402 или попознат како стар пат Тетово-Скопје. Реконструкцијата на 16 километри пат е во надлежност на јавното претријатие за државни патишта.
А.С