СВР Тетово информира дека неделава во продолжуваат засилените сообраќајно-контролни активности на мотоцикли, на возила со вградени фолии, како и на возила кои не ги почитуваат знаците и прописите што се однесуваат на паркирањето.
-Во овие активности вчера (19 август) биле откриени и законски санкционирани 9 непрописно паркирани возила, кои веднаш биле подигнати од тетовската „пајак-служба“, исто толку возачи без положен возачки испит, 4 нерегистрирани возила, 1 возач-почетник кој не се придржувал на законските ограничувања и други прекршоци, информираат од СВР Тетово.
Откриените прекршоци заокружени се со соодветни поднесоци.