Тетовската полиција ноќеска приведе две лица кои биле пријавени за два случаи за семејно насилство. Во првиот 50 годишник физички ја нападнал сопругата, а во вториот 26 годишник му се заканил на татко си дека ќе го убие.
-Во 20 часот, на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово лишен од слобода е 50-годишниот тетовец Т.С., кој околу 18 часот и 30 минути во семејниот дом физички ја нападнал 44-годишната сопруга. Во 21 часот, на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, приведен е 26-годишниот тетовец Џ.И., кој околу 20 часот го малтретирал и му се заканил по животит на неговиот 56-годишен татко.Џ.И, информира денес Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
-Во текот на јануари во СВР Тетово се евидентирани 6 кривични дела поврзани со семејно насилство од кои 4 со нанесување на телесна повреда 2 со загрозување сигурноста. СВР Тетово има поднесено кривични пријави за 5 сторители за тетовскиот регион, информира Јосифоски.
Во јануари има поднесено вкупно 23 поплаки за семејно насилство во кои жртвите не побарале кривичен прогон за сторителите.
А.С