Вчера (15 јуни) во 19 часот, М.Ј.(28) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека извршувајќи работни обврски на улица „Илинденска“ во Тетово, физички бил нападнат од А.Б.(27) од тетовска Голема Речица, кој непрописно го паркирал неговото возило „порше“ со странски регистарски ознаки и барал од М.Ј. да го острани поставениот блокатор на тркалата. А.Б. приведен е во Полициската станица Тетово и против него ќе следува поднесок, инфомираше денес Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Вчера (15 јуни ) во 18 часот и 50 минути А.И.(20) од тетовско Новаке во СВР Тетово пријавил дека дента околу 17 часот физички бил нападнат од 16-годишен малолетник од тетовски Урвич. Во нападот малолетникот користел тврди предмети, а причина зa тоа биле нивни нерасчистени должничко-доверителни односи.Во присуство на негов родител тој е привeден во Полициското одделение Камењане и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, информираат од СВР Тетово.
Ноќеска (16 јуни) околу 1 часот, на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле И.В.(21) и А.М.(33) од Тетово, кои во алкохолизирана состојба го нарушиле јавниот ред и мир со карање, викање и движење по самиот коловоз.По целосното расчистување на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.