Центарот за социјални работи во Тетово ги известува лицата корисници на права кои не се можност самите да ги подигнат парите од своите сметки, а особено лицата со затворени трансакциски сметки во Еуростандард Банка, дека своите права може да ги остварат со назначување на лице-старател во посебен случај, преку Центарот за социјална работа.
За оваа постапка потребно е да се поднесе барање во Центарот за социјални работи во Тетово, кон кое треба да се приложат следниве документи:
1. Копија од извод од матична книга на родени за лицето за кое се назначува посебен старател
2 .Копија на извод од матична книга на родени за лицето – старател посебен случај
3 .Лични карти на увид за двете лица
4. Медицинска документација за лицето за кое се назначува старател
5. Лекарска потврда за психифизичка состојба од матичен лекар за потенцијалниoт старател