Во Тетово со пригодна свеченост ќе се одбележат јубилејните 80 години од почетокот на народно ослободителното востание на Македонија, а воедно и тоа што највисоката македонска државна награда „11 Октомври“ која за животно дело во областа на културата и уметноста ја добива тетовскиот академски сликар Павле Кузманоски.
-Тетово има со што да се гордее и има што да прославува. Сакаме заедно да ја изразиме нашата почит кон идеалите на Народно-ослободителната борба и врвното уметничко творештво што како културно наследство ни го остава нашиот сограѓанин, изјави Даријан Сотировски, организатор кој воедно е и подносител на иницијативата за доделување на државната награда на Кузманоски.
Настанот ќе се одржи на 11 октомври со почеток во 19 часот, во ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово и ќе биде организиран согласно важечките здравствени протоколи.
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, веќе објави дека за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2021 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија ќе ги награди проф. д-р Атанас Вангелов, филолог, Павле Кузманоски, академски сликар, Бедиа Бегова, актерка и Махи Несими, политиколог.
ас