Министерот за образование и наука Јетон Шаќири со посета на Универзитетот во Тетово почнува циклус на средби со раководствата на високообразовните институции со цел да ги слушне нивните потреби за во иднина како и достигнувањата во академската работа. Вакви средби ќе има прво со државните универзитети, а потоа и со останатите.
-Ваквите состаноци или средби се со една цел – да сме поблиску до институциите, во конкретниот случај во високообразовните институции за одблиску да ги слушнеме потребите, проблемите, предизвиците, но исто така да ги слушнеме и успесите што ги имаат сите високообразовни институции. Денеска реализиравме средба со ректорот на Универзитетот во Тетово каде го почнавме разговорот во врска со состојбата со Ковид-19. Универзитетот во Тетово во претходниот период, но и за наредниот период успешно е подготвен да се справи со оваа проблематика. Главната цел-наставата е реализирана и во претходниот период но и за наредниот период е предвидено да се реализира, реализирани неколку научни конференции според предвидените протоколи. Можам да заклучам дека Универзитетот во Тетово е подготвен за предизвикот кој го има во наредниот период.
Министерот заедно со претставниците на ректорската управа разговарале и за делот на инфрасктруктурата. При тоа министерот истакна дека ќе се заложи да им се помогне на сите високообразовни институции со оглед дека тие имаат важна цел да го подигнат на високото образование и да подготват кадри за пазарот на трудот.
-Ми беше чест денеска министерот за образование и наука да го посети нашиот Универзитет. Во разговорот што беше во една добра атмосфера, ние разговаравме за многу проблеми што ги има Универзитетот, но не само нашиот универзитет, туку воопшто и високото образование. Една од темите што беше во денешниот разговор беше и Студентскиот дом кој веќе е при крај, но за да биде готов за идната академска година треба уште средства. Министерот изрази подготвеноста кога ќе има ребаланс на буџетот во мај или во јуни да се предвидат средства, така што Студентскиот дом да биде готов за студентите, изјави ректорот Решат Ќахили.
Министерот Шаќири истакна дека инстотуциите секојдневно ќе бодат во комуникација околу одлуките како ќе се одвива наставата во понатамошниот дел од година во сите нивоа на образование.