Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“ вечерва завршува со проекција на филмот „Зана“, инаку победник на Тиранскиот филмски фестивал. Ќе прикаже со почеток в 19 часот во центарот за култура. Режијата е на Антонета Кастрати, сценарио Медју Кастрати и Кејси Копер Јонсон, кој е истотака и продуцент на филмот.
-Во филмот главниот лик Луме, има цел да се ослободи од нејзиното минато, една декада после војната во Косово, кога го загубила своето дете. Луме, десет години се борела со медицината за да остане бремена, но без успех. Сега Луме се соочува и сака да „побегне“ од модерното здравство за па своето решение го бара во традиционалната медицина. Останува бремена но во тие моменти и започнува нејзината сага-враќање на тоа што го доживеала пред десет години, што ја оптоварува неа и нејзиното се уште не родено дете, информираат од организацијата на фестивалот.
Тетовскиот филмски фестивал по деветти пат се одржуваше во грдот од 9 октомври до денес. Беа прикажани 14 долгометражни и 56 краткометражни филмови.
А.С