Тетовските пожарникари денес интервенираа на пожар што зафати една плевна во селото Камењане, а според нив спречено е огнот да се прошири на други два објекти со иста намена за чување на сено и слама. Интевенцијата траела час и половина.
-Околу 14 часот беше повикот од Камењане, за кратко време стигнавме. Работевм час и половина отприлика за да се изгаси целосно и ликвидира огнот. Со гаснење на овој пожар спречивме да се прошири на две други плевни кои до објектот што гореше. Воедно имаше и куќи во непосредна близина, информира Ука Алити, од Територијалната противпожарна единица Тетово.
ТППЕ Тетово интервенирале со девет пожарникари и три против пожарни возила.