Тетовските пожарникари вчера спречија пожар да се стигне до селото Групчин со неколку часовна интервенција. Пожарот избувнал околу 17 часот, а е локализиран околу 20 часот.
-Со брза и силна интервенција од страна на повеќе екипи од Територијалната против пожарна единица, локалното население и полицајци од полициската станица изгаснат е голем шумски пожар што го доведуваше селото во опасност, изјави Ука Алити командант на тетовската пожарна.
Претходно во текот на денот пожари на отворен простор се локализирани во атарите на селата Бродец и Шипковица.
А.С