Средното стручно училиште „Моша Пијаде“ од Тетово со завршен настан го означи крајот на повеќемесечниот проект „Родово базирано и насилство врз жените и децата“. Учениците и професорите учествуваа во вкупно 8 работилници од кои произлегоа три тематски видеа.
-Целта е учениците да пратат силна и јасна порака за да се надминат предрасудите кои влијаат врз појавата на насилството посебно родово насилство. Целта е да се достигне до посеопфатна публика и да се пријават вакви немили појави, истакна психологот во училиштето Весна Стефчевска.
Во работата на осумте работилници вклучени биле и претставници на државни институции кои работат во истата област.
-Превенцијата е основа за било кој проблем. Работилници се со цел младите да разберат каде да се обратат за помош да не се срамат од насилствата кои ги трпат. Секогаш кога има во семејтвото насилство детето претпрува психичко насилство и пореметување во својот организам, па често ги боли глава,имаат немир, а тоа е затоа што се сведоци на семејно насиство на родителите. Затоа и укажавме дека во Центарот за социјални работи има стручни служби со психолог, педагог и социјален работник кои можат да помогнат и на детето и на жртвата во семејството, рече Оливера Цветковска, психолог во Центарот за социјални работи.
Училишниот психолог Весна Стефчевска потенцира дека неопходно е да е подига свеста за оваа проблематика.
-Се повеќе сме свесни, тоа е горчлива тема и не може да се третира само еден фактор, повеќе фактори се во прашање-семејство, општество, врсничко влијание, сајбернасилство, самата личност на младите. Единствено нешто што остава впечаток е потребата учениците што повеќе да зборуваат и да бидат сослушани. Се трудиме и многу работиме се преземаат такви мерки. Нови генерации во прва година ги информираме кога ќе се соочат со такво нешто да се обратат кај стручните служби, да пријават, рече Стефчевска.
Завршниот настан се одржа како дел од проектот„ Род и родово базирано насилство врз жените и децата„ во рамките на Регионалната програма на ЕУ и UN WOMEN „ Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција“: Имплементирање на норми и промена на ставови, финансирано од Европска Унија, а во соработка со ЕХО, Младинско здружение на млади правници и Психотерапика
А.С