Стојанче Ангелов, претседателот на партијата Достоинство и истоименото здружение на бранители од Тетовско Кале ги повика Македонците да учествуваат на пописиот потенцирајќи ја опасноста од како што рече да не се најдеме во ситуација она што во 2001 го браневме со оружје дел од тоа да биде загрозено со една обична статистичка операција. Тој посебно и се обрати на македонската дијаспора која што од удобноста на својот домови да се попише.
-Пописот е статистичка операција но во нашата држава има и друга димензија. Ние како држава треба да се трудиме како граѓани без разлика во колкав процент ги има во нашата држава да ги уживат сите права. Но повикувањето на бојкот за пописот навистина може да предизвика далекусежни штетни последици во нашата држава. Опасноста од Ковид не е оправдување за повикување на бојкот затоа што ќе бидат почитувани сите протоколиу против борбата со Ковид. Така што особено диајспората која што треба да се попише од дома нема никаков оправдување. Да не се најдеме во ситуација она што во 2001 го браневме со оружје дел од тоа да биде загрозено со една обична статистичка операција, рече Стојанче Ангелов.
Тој на средба со новинарите рече дека сака да укаже на апсурдното барање на Алијанса за Албанците и Алтернатива кои што бараат признавање на македонско државјанство со само три сведоци.
-Барањето е нешто за кое верувам дека го нема никаде во светот. Нешто кое што може да нанесе штета на нашата држава, но не само во меѓуетничкиот баланс туку нивната закана со поднесување на илјадници амандмани со кои што ќе го блокираат петтиот пакет економски мерки со кои што државата се обидува се обидува да помогне на најразнливите категории граѓани, навистина ќе предизивика зло на сите граѓани, не само на Македонците, туку и на Албанците и сите останати македонски граѓани. Затоа апелираме до Алијанса за Албанците и Алтернатива да не го блокираат сетот мерки бидејќи овие економски мерки е многу потребен на македонските граѓани, истакна Ангелов.
Тој испрати повик до организаторите на протестот по повод случајот Монструм.
-Да внимаваат и да не дозволат како што беше случај досега меѓу нив да се инфилтрират луѓе чија што задача е потпалување на меѓуетничка омраза. Извикувањето пароли и скандирањето УЧК, скандирањето Голема Албанија и други навредливи скандирања кон Македонците не одат кон прилог на меѓуетничкото помирување за кое што толку многу говориме. Затоа апелирам до организаторите на протестите по повод случајот Монструм да бидат внималтени и да не дозволуваат скандирања на било каква содржина која што ги расплува меѓуетничките односи и лошо се одразува на меѓуетнички соживот во нашата држава.Правото на протест е неприкосновено колку за нас да асурдно протестирање каде протестанти протестираат против правосилни пресуди за убиство на деца. Но правото на протест е е неприкосновено колку нам да не ни се допаѓа но сепак, апелирам да нема навредливи скандирања и извикувања и навредлива реторика при давањето на изјави со кои што се потпалува меѓуетничката омраза, рече Ангелов.
На новинарско прашање како коментира со оглед дека е дел од власта тоа што Имри Елези, припадник на УЧК добил улица во Скопје со одлука на Совет Ангелов со одговор дека не треба да се дозволат иритации на населението.
-Сите загинати припадници на било која вооружена сила во која било држава имаат право да бидат чествувани од нивните соборци.Или од нивните сограѓани за чии што идеали се бореле. Колку нам тоа не ни се допаѓа чествување на загинатите припадници на УЧК од страна на ДУИ е за поздравување но тоа не треба да се прави на начин со кој се иритираат останатите граѓаните. Така што сметам дека не е во ред улици каде што живее мешовито население каде што живеат Македонците да го носат името на припадник на УЧК кој загинал борејќи се против македонските безбедносни сили, рече Ангелов од тетовското Кале на ридот Балтепе каде се одбележа 20 години од настаните во 2001 година.
А.С