Актерите од Тетовски Театар на албански јазик утре ќе се претстават со втората претстава за оваа година. Станува збор за претставата насловена „Страст и алчност“ по текст на познатиот американски драматург Јуџин О’Нил.
-После два месеци напорна работа на екипата од тетовскиот театар се претставуваме со втората премиера годинава со наслов „Страст и алчност“ на американскиот автор Јуџин О’Нил, во режија на Фитим Селими, сцена и костими на Медина Хоџа, музика на Премтим Етеми и улогите ги интепретираат актерите од тетовскиот театар. Иако самиот настан се случува пред два века можам да кажам дека во делот на светот темата е се уште актуелна, истакна Медина Хоџа на денешната прес-конференција.
Премиерата е утре, четврток од 19 часот, но поради пандемијата ќе може да ја следат единствено луѓе кои ќе добијат покани. В четврток исто така од 19 часот ќе има уште една претстава.
-Претставата нема да биде отворена за пошироката публика, само 30 отсто од големата салата во Центарот за култура ќе може да се пополни со луѓе кои се поканети. Сите кои имаат покани треба да дојдат 30 минути пред почетокот, за да се спроведат протоколите со мерење температура, дезеинфекција на раце, а треба да се одржува и дистанца, истакна Медина Хоџа.
Годинава прва претстава на тетовскиот театар беше на 4 септември кога беше изведбата на делото „Опера за три гроша“ од Бертолт Брехт. Театарот до крајот на годината ќе се претстави и со изведба на македонски јазик.
А.С