Секторот за внатрешни работи Тетово денеска информира дека целосно се расчистени и документирани 18 тешки, 8 кражби и еден обид за тешка кражба, за чие извршување се сомничи 38-годишниот тетовец Ј.Ц. Против него се изготвени и ќе бидат поднесени 4 кривични пријави.
-Ј.Ц. се сомничи дека во јуни, јули и август оваа година во Тетово насилно провалувал во возила, продавници, деловни и други објекти, од кои најчесто одземал парични средства, музичка опрема, компјутери и други предмети. Така противправно стекнал вкупна имотна корист која се проценува на околу 525 илјади денари. Покрај ова, со кривични пријави за „прикривање“ опфатени се и 12 други лица од Тетово и Тетовско, кои се сомничат дека ги купувале одземените предмети од Ј.Ц, соопшти денес СВР Тетово.
Најголемиот број од одземеното е пронајдено и веќе им е вратено на нивните сопственици, односно на оштетените.