Во полициската станица во Тетово вчера пред 16 часот Т.Д. (44) од градот пријавил дека со средата 22 април околу 20,00 часот додека на улицата 142 го шетал своето куче-раса белгиско-германски овчар, тој и кучето биле нападнати од куче раса-турски кангал.
Според пријавата сопственикот на турскиот кангал го шетал без ланец и заштитна маска, информира денес Министерството за внатрешни работи.
При нападот пријавителот и неговото куче неколку пати биле каснати од “кангалот“ а со помош на случајни минувачи успеале да се оддалечат од местото на настанот.
По ова пријавителот го однел своето куче во ветеринарна амбуланта а тој подоцна побарал и медицинска помош во Клиничка болница Тетово каде што му била констатирана повреда на десната подколеница. Тетовската полиција работи на расчистување на случајот.
А.С