31 годишник од Тетово се повредил кога се обидел спречи кражба на неговиот автомобил синоќа на улицата Илиденска околу 22 часот, инфомираат од СВР Тетово.
Според првичните сознанија на полиција, човекот го оставил возилото марка ауди незаклучено со клучевите на бравата. Влегол во аптека, а на излегување забележал дека неколку лица веќе влегле во автомобилот и го стартувале. Тој се обидел да ги спречи фаќајќи се за предниот од автомобилот, но непознатиот возач продолжил со управувањето по што 31 годишникот паднал и здобил тешки телесни повреди.
-Х.К (31) бил пренесен во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, инфомираат од СВР Тетово.
Од СВР Тетово апелираат граѓаните да не ги оставаат клучевите во возилата и истите да ги заклучуваат како превенција од кражби.