Малку повеќе од една третина од граѓаните евидентирани во избирачки список биле да гласаат на вонредните парламентарни избори во општините Тетово и Јегуновце до 17 часот. Во Општина Тетово до 17 часот 33,72% од граѓаните гласале, додека Општина Јегуновце бележи 32 отсто излезност.
Во останатите има под 30 проценти излезност. Општина Теарце има одѕив од 29,70 % додека Брвеница има 28,61 % излезност на граѓаните на вонредните парламентарни избори.
Боговиње и Желино се општините со најмалку граѓани кои досега гласале. Во Боговиње има 27,55 отсто излезност, додека во Желино одѕивот на гласачи е 23,13 проценти.