Иницијативата „Тетово сака парк“ закажа средба со сите членови на Советот на Општина Тетово со цел да се образложи идејата за формирање на градска парковска површина. Средбата е закажана за во петок, 25.03.2022 година во просториите на музичкото училиште.
-Поканата е доставена поединечно до секој советник преку архивата на општината, како и на нивните приватни и службени емаил адреси. Целта е детално да ги запознаеме членовите на Советот со иницијативата и со утврдените начини на реализација, информираше тимот за односи со јавноста.
Од иницијативата вчера упатија и отворено писмо до сите советници со кое од нив се бара вклучување и поддршка за иницијативата. Самото отворено писмо содржи и покана за консултативна средба со советниците, каде тие ќе имаат можност да се запознаат подетално со иницијативата и директно да добијат одговори за истата.
Предлогот до општината минатиот месец беше поднесен со околу 60 потписи, а онлајн петицијата доби повеќе од 3.000 потписи на граѓани.
ас