Националната установа – Библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово изврши избор на најдобрите творби кои пристигнаа на традиционалниот литературен конкурс за најдобри поетски творби за ученици од основните училишта во регионот. Овој конкурс се објавува секоја година по повод 23-ти Април – Светскиот ден на книгата и авторското право.
-Литературниот конкурс беше на тема Книга. Прва награда е за творбата со наслов Земи книга од автор Нела Димиќ од ОУ„Братство Миѓени“ -Тетово. Доделени се две втори награди- наслов Книга од Нена Видоеска од „ОУ „Лирија“ -Тетово и наслов Книга од Емили Андрееска од ОУ „Гоце Делчев“- Тетово, информираат од библиотеката.
Жирито на библиотеката избра и три трети наградени, а пофалници ќе добијат и 21 други учесници на конкурсот.
ас