Националната установа „Библиотека Кочо Рацин“ од Тетово им додели пофалници и награди на вкупно 20 читатели кои биле најредовни и позајмиле најмногу книги во текот на 2021 година. Тие добија подароци кои беа обезбедени со спонзорство на приватна фирма.
-На крајот од годината вршиме доделување на награди на нашите најактивни читатели односно читатели кои прочитале најголем број на книги. Оваа година спонзор беше фирмата Еуровиа од Желино, изјави Елизабета Трпчевска Петрушевска, вработена во библиотеката.
На пригодната свеченост наградени беа 12 читатели од одделот за возрасни и осум од детскиот оддел.
-Сакам да читам книги за другарство и принцези. Омилена книга ми е „Орхан“ каде има раскази како игра со другарчињата и други случки, изјави Мила Симуноска, една од наградените во детскиот оддел.
-Годинава прочитав 120 книги. Библиотеката е одлично опремена, не мора да купуваме книги. Веднаш ги добиваат сите наслови, изјави Верица Настовска, една од наградените во одделот за возрасни.
ас