Територијалната противпожарна единица Тетово од денес на располагање има нова хидраулична опрема за интервенции при сообраќајки или други настани. Станува збор за хидраулични клешти за сечење, хидраулични клешти за подигање возила и товар како и хидрауличен растегнувач за одвојување на смачани материјали.
Станува збор за најмодерна опрема која ретко кој ја има на Балканот, од производител Холмарто. До опремување на пожарната доаѓа по тешката сообраќајна на автобусот во Ласкарци кога се увиде потребата за ваква квалитетна опрема за поефикасно справување и извлекување на повредени. Опремата е набавена од Дирекцијата за заштита и спасување кои ни ја предаваат за стална употреба, изјави Ука Алити, командир на тетовската пожарна.
Вкупната вредноста на трите апарати и останата придружна опрема и алати е 25 илјади евра.
Многу вредна опрема која ќе биде во корист на граѓаните на нашата општина и околината. Бидејќи ние покриваме поширок терен на пример за сообраќајки реонот ни е од Ласкарци до граница на општина Гостивар. Сепак се надевам дека Бог нема да дозволи никогаш нема да се користи во несреќи, туку само за наш тренинг. Ние сме обучени во рамки на операцијата Флоријан за работа со вакви апарати и затоа ги добивме меѓу првите во државата, рече Алити.