Откако во 1893 во Солун е формирана Македонската Револуционерна Организација (МРО), во Тетово до основање на комитет дошло во 1895 година, бележи во книгата „Македонската Револуционерна Организација во Тетово и Тетовско“ авторот Бранислав Светозаревиќ доктор по историски науки. До основање на тетовскиот комитет доаѓа по Ресенското советување во 1894 каде одлуката била Тетово да се најде во рамките на Скопскиот револуционер округ.
-Главна улога во формирање на тетовскиот комитет даде учителите во тетовски училишта кои биле од другите краишта во Македонија. Главен збор имал учителот Христо Червенелеков кој бил од Штип и бил прв претседател на тетовскиот комитет. Тој бил близок соработник со Гоце Делчев и Даме Груев. Меѓу другите основачи се Владимир Трајчев од Ресен, Никола Панчев од Штип, Драган Ничов од Велес, а од Тетово биле учителот Симеон Мисов, чевларот Глигор Михајлов и занаетчијата Илија Кензов, пишува во книгата на Светозаревиќ.
Во подоцнежните години МРО создава мрежа во Тетовско, а една од најважните задачи на организација била производство на пушките мартинки кои биле најзастапени во четите.
-На тетовската река Пена се наоѓале мали фабрики за бушење на цевки ткн. чаргови. Имало единствена гајтнара на воден погон, а се лееле бомби и куршуми. Тетовци биле задолжени и за дситрибуција на пушките, стои во книгата.
-Бидејќи организацијата за скопскиот ревлуционерен округ не предвидела да има востание, во Тетовско биле регрутирани комити доброволци за борбите во другите краишта. Војводи од тетвскиот крај се бележат Софре Ѓорѓески од Радиовце, Крсто Михајловски од Брезно, Ѓорѓи Тодоров и Младен Мишески од Тетово. По Илинденското востание тетовци се до 1905 година учествуваат во борби низ Македонија за кои постојат и пишани документи, пишува авторот Светозаревиќ.
Книгата содржи и биографски именик на членови на комити и војводи од Тетовско.
ас