Од печат излезе „Тивкиот фронт на Виктор Аќимовиќ“ најновата книга на публицистот Бранислав Светозаревиќ од Тетово. Станува збор за историско архивистичка книга.
-Виктор Аќимовиќ е роден 1915 во Тетово каде живеел до 1941 година. Починал во Скопје во 1987 година. Тој бил македонски револуционер, деец, подоцна и новинар и фотографски автор. Енигмата кај него е разузнавачката работа за советската служба НКВД. Бил осудуван од повеќе власти, режими и фашистичките окупатори, вели авторот Светозаревиќ.
Книгата ќе има свечена промоција на 12 Ноември во музичкото училиште во Тетово. Промотори се проф.д-р Виолета Ачковска и проф. Оливер Андонов.
Авторот Бранислав Светозаревиќ, роден 1966 година е доктор по историски науки, а научно истражувачката дејност ја врши во областите на историјата, архивистиката, музеологијата и културата.