Министерството за здравство информира дека во тетовскиот регион има 14 од 76 нови случаи со Ковид-19. Со тоа на нашето подрачје бројката достигна 231, од кои активни се 86 случаи. Досега починати има 21 лице поради коронавирусот.
Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција попладнево информираше дека дека има нов кластер во Тетово, од еден правен субјект и 40 лица оттаму се во изолација.
Во Македонија вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655.
А.С