Општинската организација на Црвен крст Тетово информираше дека се спроведени низа активности во текот на изминатата недела во чест на 8 Мај – Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина и Недела на Црвен крст на Република Северна Македонија (8-15 мај). Овие активности беа спроведени во соработка со тетовската библиотека и насочени кон читањето.
-Во соработка со библиотеката во Тетово „Кочо Рацин“ на читателите и другите лица пред библиотеката им помагаа за одбирање на книги, помасовно читање на книги, дружење на младите со книгата, промоција на книги, како и промоција на работата на Црвениот крст. Младите на Црвен крст и понатаму продолжуваат со работа почитувајќи ги принципите на хуманост, доброволност, неутралност, непристрасност, единство, универзалност и доброволна служба, информира Шкљќим Мурати, секретар во тетовскиот Црвен крст.
Во саботата младите на Општинска организација на Црвен крст Тетово, организираа и музички настан со групата ,, Шербет” кои што со своето бесплатно учество дадоа придонес во организација на настанот. Целта на овојк настан е промоција на култура на дијалог како основа за интеркултурно општество, кое бара взаемно разбирање ,толеранција ,единство и хуман однос без дискриминација како и за поголем ангажман на младата популација во активностите на Црвениот крст.
ас