Петко Петковски одгледувач на шарпланинци од тетовско Јанчиште со својот претставник Купер стана државен првак на државниот шампионат што викендов се одржа во Скопје. Купер има 4,5 години и е победник во категоријата на машки шарпланинци.
-Меѓународните судии одлучуваа за две категории исправност и за убавина. За достојно да се претстави пред судиите имавме долги подготовки за движење и одржување на кондиција. Ја одржувавме убавината и чистотата на кучето со редовна хигиена, чешлање и слично, изјави Петко Петковски.
Петковски е повеќедецениски одгледувач на шарпланинци. Во неговата одгледувачница „Петковски под Шара“ моментално има девет возрасни шарпланинци кои имаат над една година како и повеќе млади под 12 месеци.
Кинолошки сојуз на Македонија викендов организираше Државен шампионат за расата Шарпланинец, Караман куп-Државен шампионат за македонско овчарско куче караман и Светски шампионат за расата Шарпланинец.