Членовите на тетовските планинарски клубови активно ќе придонесат во организација и спроведување на активности кои ќе ги одржат Меѓународна федерација за искачување и планинарење (УИАА), Европската планинарска асоцијација (ЕУМА) и Балкански планинарски сојуз (БМУ).
Големите водечки планинарски организации ќе одржуваат генерални собранија, работилници и комисиски состаноци од 28 април до 3 мај во Скопје, а ќе планинараат на повеќе места меѓу кои и Шар Планина.
-Домаќин на настанот Федерацијата за планинарство како полнправна членка на УИАА. Ние како членови на македонските планинарски клубови сме задолжени за логистика и помагање во одржувањето на претседателствата, генерални собранија и друг вид состаноци на овие светски, европски и балкански асоцијации на планинари. Воедно ќе бидеме нивни водичи низ Шар Планина и другите планини, изјави Александар Стојановски, член на ПК „Јелак“ од Тетово и на Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ.
УИАА овие средби ги нарекува Пролетни состаноци, а вклучуваат повеќе сесии како што се Управен комитет, Извршен одбор, средба на претседатели на Комисии, Индивидуални комисии (качување на мраз, планинарење, безбедност, млади)итн. Под капата на УИАА се 90 планинарски организаци од 67 земји од целиот свет.
ас