Регионалниот центар за управување со кризи, РЦУК, Тетово во 18.30 часот, на повик од чешки планинар на Шар Планина во реонот на месноста Лешница, организираше и кординираше акција за спасување на повреден планинар, а и за пронаоѓање на целата група планинари (околу 7 планинари) од Чешка којашто се имаше изгубено во природата на планината. Целата комуникација, се до нивното проаоѓање и згрижување на повредениот (со скршеница на рака) се остваруваше до 20.25 часот, информираат од РЦУК.
Активностите се одвивале паралелно од повеќе субјекти. Додека дел од припадниците, конкретно пожарникарите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Тетово и полицајците на СВР Тетотво, кои први – веднаш при првиот контакт, тргнале да ги бараaт планинарите на непристапниот дел од планинскот регион, возилото од Брзата помош од Тетово, со помош на другите субјекти и РЦУК Тетово (по определување на координатите на теренот согласно и според последните јавувања на изгубените планинари) се доближило на можната најблиска точка за средба за да се згрижи повредениот планинар до непристапниот терен, согласно проодноста на планинските патишта. На задоволство на сите ангажирани од РЦУК Тетово и СУК, планинарите се пронајдени, извлечени од планината, а повредениот планинар, со скршеници на раката, е згрижен.