Во просториите на Секторот за внатрешни работи Тетово денеска беше организирана втората крводарителска акција годинава во таа институција. Во оваа акција вкупно беа собрани 19 единици крв или заедно со првата акција, вкупниот број на собрани единици изнесува 49.
-СВР Тетово години на ред активно партиципира во развојот и унапредувањето на крводарителството на тетовско-гостиварското подрачје со по околу 200 единици годишно од течноста која значи живот. Покрај во акциите, полицајците од СВР Тетово даруваат крв и по повик, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
До крајот на годинава планирана е уште една ваква акција, во која вработените во СВР Тетово ќе имаат можност да ја покажат и докажат нивната несебичност и хуманост.
ас