Вработените во Клиничка болница Тетово имаа несекојдневна можност да присуствуваат на предавање кое го одржи шпанскиот торакален хирург Диего Гонзалес Ривас, кој прв во 2009 година го вовел методот за оперирање на градни органи преку еден мал отвор со асистирана видеоторакоспоија.
Професорот Ривас е директор на програмата за видео асистирана торакоскопска унипортална хирургија во белодробната Болница во Шангај при Тонги Универзитетот. Тој работи и на торакална Хирурхија во одделот за трансплантација на бели дробови и минимално-инвазивна хирургија во Коруна, Шпанија.
-Вчера во Клиничката Болница во Тетово во организација на торакалните хирурзи, професорот Ривас одржа предавање пред лекарите специјалисти, специјализанти и студенти на тема: History of uniportal VATS. Тој ја презентираше и неговата книга – „Кога ништо не е невозможно.“ Професорот е расположен да ги едуцира со својот метод торакалните хирурзи од Тетово за кои вели дека дошол да ги поддржи како нова талентирана генерација специјалисти, информираат од Клиничка болница Тетово.
Докторот Ривас одржал и средба со министерот за здравство на која се разговарало за нови проекти во напредувањето на оваа хирургија и стручно надоградување на овдешните торакални хирурзи.
A.C