Летното работно време и наплаќањето на зонско паркирање во Тетово започнува од 1 јуни наместо од 1 мај поради пандемијата со Ковид19 информираа денес од тетовското општинско претријатие. Од понеделник ќе има подолг период на наплата на зонското паркирање.
-Работното време на зоните А и Б ќе биде од 7 до 23 часот, а во сабота до 7 до 14 часот. Недела и државни празници зонското паркирање е бесплатно, соопштија од Јавното претријатие „Градски паркинг Тетово“.
Во зона А зонско паркирање во Тетово чини 30 денари, додека во Зона Б, 20 денари од еден час.
Советот на општина Тетово на седница на 27 февруари годинава ја донесе одлуката да има зимско и летно работно време. Според таа одлука зонското паркирање во период од 1 Мај до 30 Септември треба да биде од 7 до 23 часот, а во сабота до 14. Во зимското работно време од октомври до април зонското паркирање се одвива од 7 до 21 часот, а во сабота исто до 14.
А. С