На 02.12.2020 во 15.45 часот, на плоштад „Крушевска Република“ во Охрид, од слобода лишен е К.Б.(38) од Тетово.При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа 19 пакувања со вкупно 919 парчиња нелегални пиротехнички средства. Истите се одземени, а против К.Б., кој е приведен, ќе биде поднесена кривична пријава, информира МВР.