СВР Тетово информира денес дека вчера (27 октомври) во 20 часот и 45 минути, 46-годишната гостиварка Х.С. во СВР Тетово пријавила дека на автобуската станица во Тетово физички била нападната од Б.И.(19) од Тетово. Претходно двете вербално се расправале околу влегување во автобус. Се расчистува случајот и ќе следува поднесок против пријавената Б.И.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (27 октомври) околу 15 часот и 30 минути во тетовско Милетино го привеле 42-годишниот С.Т. од тетовско Сараќино, кој половина час пред тоа на патот за тетовско Блаце физички го нападнал 66-годишниот М.Н. од ова село, а поради недоразбирања во сообраќајот.Тој бил задржан во полициска станица за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира СВР Тетово.