Градоначалничката на Тетово и кандидатка за нов мандат Теута Арифи денес посети еден од пунктовите за вакцинација со цел да упати апел до граѓаните да ја прифатат имунизацијата како единствен начин за спас од пандемијата со Ковид-19. Таа беше во објектот на управната зграда на Музејот на тетовски крај, што е еден од двата вакцинални пунктови во моментот.
-Вакцинацијата против Ковид-19 сега нуди излез од оваа фаза на пандемијата. Без вакцината, многу научници веруваат дека природниот колективен имунитет не би бил доволен за да го врати општеството во нормална состојба и дека тоа ќе резултира со поголеми фатални жртви. Ова го објавија многу здравствени организации, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација. Во сценарио каде што би живееле во свет без вакцини, рестриктивните мерки ќе треба да останат меѓу нас долго време, изјави Теута Арифи.
Таа посочи дека во теко на оваа година и половина во која се соочувава светот со предизвикот на пандемијата како и остатокот од светот, општината покажа дека има капацитет за справување.
-Отворивме вкупно 4 центри за вакцинација во градот и во селата, за да можат сите граѓани да се вакцинираат без да чекаат во долги редици. Како резултат на овие позитивни политики, успеавме да го зголемиме бројот на вакцинирани во општина Тетово во последните 2 месеци. Во Тетово со првата доза вакцина против ковид -19 беа вакцинирани вкупно 42,4% од населението, на возраст над 12год. 49,7%, а над 18 години 54,3%. Со втората доза, 38,6% од населението беше имунизирано, од кои 45,2% на 12 годишна возраст и 49,4% на 18 годишна возраст, рече Теута Арифи.
Градоначалничката Арифи го повтори апелот до граѓаните да се вакцинираат во што поголем број, бидејќи вакцинацијата е единствениот начин за зашита од Ковид-19.