Градоначалничката на Тетово и кандидатка за нов мандат, Теута Арифи со новоизбраните советници од редовите на ДУИ беше на улицата „Гоце Делчев“ која е во завршна фаза од реконструкцијата. По извршената реконструкција на подземната инфраструктура започна и финалната фаза со поставување асфалт.
-Улицата „Гоце Делчев е една од улиците на кои се работи веќе месеци наназад и веќе е поставен прв слој на асфалт. Беше едно барање на граѓаните но и голема потреба за овој дел од градот. Завршени се 700 метри во должина и 5,5 метри во ширина и апсолутно се надевам и верувам дека граѓаните ќе ја употребат како улица и ќе им биде големо олеснување. Сме ја реализирале со средства и програмите што ги имаме од Светска банка. Со таа програма ова ние е втора улица која ја реализираме, додека во рамки на потпрограмата ние имаме конкурирано со уште две вакви улици, изјави Теута Арифи.
Улицата „Гоце Делчев“ се реконструира од православните гробишта до Два Бреста со санирање на атмосферска и фекална канализацијата, а потоа изградба на тротоари, поставување асфалт на сообраќајна лента, сообраќајна сигнализација како и улично осветлување.
ас