Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи по денешниот состанок на Кризниот штаб потенцира дека конечно со одлука се враќа превозот на патници меѓу полошките општини за што имаше забрана од 21 април во насока на спречување на ширење на коронавирусот.
-Комисијата за заразни болести донесе одлука според која кризните штабови сами одлучуваат за организирање на меѓуопштински превоз. Како заклучок Кризниот штаб прати решение до СВР Тетово со кое информира и го либерализира општинскиот јавен превоз. При тоа превозниците треба да ги почитуваат мерките за заштита, истакна Теута Арифи.
А.С