Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат Теута Арифи заедно со министерот за економија Крешник Бектеши денес остварија средби со повеќе сопственици на производствени компании во Тетово. Со нив разговараа околу потребите на приватниот сектор во развојот на нивните бизниси.
-Целта е и да размениме мислења за сработеното, соработката што сме ја имале и меѓу другото, можноста овие компании уште повеќе да добијат поддршка во однос на зголемување на нивните капацитети во однос на планирања нивни и документација што ја имаат од страна на општината и можноста за користење на разни други фондови за проширување на нивната работа. За нас работата на сите компании кои работат во териротијата на Општина Тетово е многу важна затоа што секаде каде што одите може да видите дека тие сите ја поддржуваат, 40-50 или по 100 семејства и нивната работа е многу важна за градот и за социјалната стабилност во градот заради тоа што тие се се и работодавачи, изјави Теута Арифи.
Министерот Крешник Бектеши изјави дека секоја инвестиција во Полошкиот регион значат можност сопственици на бизниси да добијат помош од државата во реализација на инвестициите.
– Со предлог на општина Тетово на Теута Арифи веќе направиме измена и дополнување во законот за финансиски поддршка на инвестициите каде што Полошкиот регион на некаков си начин е позитивно дискриминаран повикувајќи се на рамномерен регионален развој. Пример ако одредена компанија одлучува да инвестира во скопскиот регион, а не инвестира во полошкиот регион нема да добие дополнителна помош од тоа што е предвидено согласно законот за нови инвестиции и нови капацитети и за нова опрема и машини. Ако инвестира во полошкиот регион речиси двојно ќе биде можноста се со цел да ги поттикнеме и странските и домашните инвеститори да ги зголемат нивните капацитети, а со тоа да привлечеме инвестиции и да креираме работни места, рече Крешник Бектеши.
ас