Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат од редовите на ДУИ, Теута Арифи денес имаше средба со политичкиот врв на ДУИ во Тетово.
-Денес заедно ја пренесовме пораката за големата победа на 17 октомври. Да тропнеме на секоја врата, да ги повикаме сите семејства, пријатели и познаници, уште еднаш да ги потсетам зошто е важно во недела, 17 октомври, да излезат и да гласаат за понудата на Демократската унија за интеграција за Тетово. Станува збор за иднината на нашето Тетово, за иднината на нашите деца, за зелената агенда, за реални и остварливи проекти преку кои ќе ја направиме општината и градот Тетово со модерна инфраструктура и зелени површини. Сега започнавме многу проекти во партнерство со централната власт, го отвораме булеварот Благоја Тоска, го градиме шеталиштето на реката Пена, а во иднина дизајниравме многу проекти што ќе се реализираат во следните 4 години.