Градоначалничка Теута Арифи преку профилот на Фејсбук објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа се соочила со малку зголемена телесна температура и болки во коските па одлучила да се тестира.
-Вчера по некои мали здравствени проблеми, бев тестирана и позитивна на Ковид-19. Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација примајќи ја потребната терапија, вели Теута Арифи.
Таа била вакцинирана со две дози.
-Иако пред повеќе од месец и половина ја примив втората доза од вакцината, вирусот се уште е меѓу нас и може да влијае на секого. Благодарение на вакцинацијата досега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро. Останете внимателни и одговорни, заштитете се себе, семејството и другите околу вас, пишува на профилот тетовската градоначалничка Теута Арифи.
Од Општина Тетово соопштија дека денес таа добро се чувствува. Соработниците од кабинетот се тестирале за Ковид-19, а меѓу нив нема заразени.